КУЧИЊАТА започнаа да пукаат, дали ќе ги внесеме во УСТАВ

Хроника

Ловџија од Канзас бил пронајден мртов во својот автомобил во саботата, а локалните шерифи утврдиле дека тој умрел кога неговото куче згазнало на чкрапалото на пушката.

Неименуваниот маж од Вичита бил пронајден во близина на населбата Геуда Спрингс. Властите соопштија дека тој починал околу 9.40 часот.

„Кучето на сопственикот на камионот ја згазнало пушката и го застрелало човекот. Куршумот ја погодил жртвата, која поради повредите починала на самото место“, соопштиле од канцеларијата на шерифот, а пренесува „Дејли мејл“.

Со оглед на фактот што кучињата го возвратија ударот и во Македонија и започнаа да напаѓаат на секој чекор и доколку се решат на ист чекор да пукаат по газдите, се отвара прашањето дали сервилните власти ќе преминат на преговори со истите и дали и нив ќе ги внесат во Устав?