
ОПАСНО: Србите по стапките на Бугарите, бараат наследство во Македонија
Српскиот четнички центар за ширење на лажна пропаганда, СПОНА во Скопје, започна со своите антимакедонски активности по примерот на Бугарија, тврдејќи дека црквите на МПЦ – ОА се српски и за нив треба Србите да носат одлуки.
Четничката организација објави дека од црквата Света Тројца во Куманово е отстранет вредниот и уникатен иконостас, подарок од српската кралица Драга и кралот Александар Обреновиќ од 1900 година и заменет е со мермерен нов иконостас.
Антимакедонската и антицивилизациска организација СПОНА смета дека ова е грубо уништување на српското црковно наследство во Македонија, кое го градел македонскиот народ под жестока српска окупација.
СПОНА пишува дека одговор барале од сите надлежни институции, а добиле само од Министерството за култура и од Кумановско-осоговската епархија на МПЦ – ОА.
Министерката за култура ги известила дека „иконостасот во црквата Света Тројца во Куманово не е на листата заштитено културно наследство и дека треба да се обратат до наджниот центар за конзервација“.
Четничкиот изблив за некакво си непроценливо српско наследство во Македонија, само ги покажува вистинските намери на големосрпската пропаганда во земјава, сеуште координирана од црковни средини на СПЦ од Белград.
Од останатите институции не добиле соодветен одговор, додека од страна на епископот Кумановско-осоговски на МПЦ ОА г. Григориј добиле официјален акт кој бил насловен како „Одговор на апелот за зачувување на автентичноста на црквата Света Тројца во Куманово, со посебен акцент на дрвениот иконостас изработен 1901 година, со опомена пред тужба (арџ. Бр. 156/22 од 12,09,2022)“.
Закана со тужба за четничката и антимакедонска секташка организација СПОНА, е на право место од страна на МПЦ – ОА, бидејќи нивниот обид за воскреснување на великосрпските духови во Македонија со некакви сказни за некакви си иконостаси од окупаторски кралици Драга и компанија, треба во корен да се сосече.
Четниците од т.н. СПОНА се обидуваат да се прикажат за жртви, по истиот начин како избугарените клубови во Македонија, полни со криминалци и мрсници.
Во таа прилика, четниците започнаа да се служат и со поезија и патетика во нивните соопштенија од типот “Под превезор на ноќта, зад заклучени врати и ограда уште од Спасовден оваа година, без табла, известување и информации за верниците или институциите здробен е уште еден печат на српска донација и дар на српскиот народ и на српската црковна општина во Куманово“… бла бла бла…
Конкретно, црквата Света Тројца во Куманово е градена од македонскиот народ во периодот од 1899-1902 под тешко ропство, кога таквите како Спона се обидуваа таа тешка состојба на народот да ја злоупотребат за србизација на Македонците.
Вакви Цркви и преубави Манастири, македонскиот народ создавал и ќе создава, без разлика на ропствата и пропагандите за негова асимилација.