ВАЖНО (документи): Утре започнува СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ за референдум

Македонија

Според Известувањето на Државната Изборна Комисија бр.12-78/2 од 12.01.2023 година, од утре 16.01.2023 година започнува собирање на потписи за распишување на РЕФЕРЕНДУМ, а краен рок е 30.01.2023 година.

Референдумот е на иницијатива на новата партија Македонски Концепт, а се однесува на прашањето за донесување на нов граѓански Устав на Македонија. Граѓанин иницијатор е лидерот на таа партија, Петар Богојески, кои ќе биде прв потпишан на листите за граѓански потписи.

Според информациите од ДИК, потписи ќе се собираат и за една изборна единица, измена на закон за референдум, најниска работничка саатница, слобода за „уставобранителите“ и сл. Сите тие ќе бидат заедно приложени за потписи во локалните канцеларии на ДИК низ земјава.

Иницијатори на другите иницијативи се други граѓани, помеѓу кои и лидерот на Работничката партија во Македонија, Горан Зафировски.

Со ваша лична карта, треба да се појавите во една од канцелариите на ДИК во следните општини:

  1. Карпош, улица Стрезово бр.7 Козле, за жители на општини Карпош, Ѓорче Петров и Сарај;
  2. Кисела Вода, ул. Првомајска бб (општина), за жители на општини Кисела Вода, Студеничани, Зелениково и Сопиште;
  3. Центар, ул. Михаил Цоков бб, за жители на општини Центар и Аеродром;
  4. Чаир, ул. Бутелска бр. 19, за жители на општини Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер – Сандево;
  5. Гази Баба, ул. Александар Македонски бб, за жители на општини Гази Баба, Арачиново, Петровец и Илинден;
  6. Прилеп, ул. Питу Гули бр.2, за жители на општини Прилеп, Долнени и Кривогаштани;
  7. Битола, ул. Први Мај бб, за жители на општини Битола, Могила и Новаци;
  8. Струга, ул. Пролетерски бригади бр.62, за жители на општини Струга, Вевчани и Охрид (канцеларијата не работи во Охрид поради пензионирање);
  9. Крушево, ул. Никола Ѓурковиќ бб, за жители на општина Крушево;
  10. Струмица, ул. Сандо Масев бр.1, за жители на општини Струмица, Ново Село, Василево и Босилово;
  11. Штип, ул. Васил Главинов бр. 4б, за жители на општини Штип и Карбинци;
  12. Куманово, ул. 11 Октомври бр.11-2/1, за жители на општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане;
  13. Кочани, ул. Раде Кратовче бр. 1, за жители на општини Кочани, Чешиново Облешево и Зрновци;
  14. Демир Хисар, ул. Битолска бб, за жители на општина Демир Хисар;
  15. Тетово, ул. Дервиш Цара бб, за жители на општини Тетово, Теарце, Брвеница, Боговиње, Желино и Јагуновце;
  16. Кавадарци, ул. Маршал Тито бб, за жители на општини Кавадарци и Росоман;
  17. Неготино, ул. Ацо Аџи Илов бр. 2, за жители на општини Неготино и Демир Капија;
  18. Велес, ул. Панко Брашнар бр.1, за жители на општини Велес, Чашка и Градско;

Според граѓаните кои се иницијатори на повеќето референдумски иницијативи, доколку се појави за потребно, ќе бидат отворени и останати канцеларии на ДИК во други општини.