
БОГОЈЕСКИ до Рама: Отворен акт на рушење на УСТАВЕН ПОРЕДОК на Македонија
Во врска поканата на албанскиот премиер Еди Рама кон македонски партии на албанската етничка заедница во Македонија, за расправање по прашања кои се од внатрешен карактер на нашата земја, со своја реакција излезе и лидерот на партијата МКонцепт, Петар Богојески.
Тој на неговата фан страна објави следна реакција:
„ОТВОРЕН АКТ на албански етнички шовинизам, мешање на странски премиер во внатрешните работи на Македонија!
Има за цел дестабилизација на Балкан, со што дирекно настапува против интересите на Македонија, НАТО и сојузниците!
Оди во прилог на Путин и желбата за спречување на процесот на европеизација на Балкан, во соработка со руските измеќари од Софија!
Зајчињата се инфантилни да реагираат на оваа отворена агресија кон Македонија!
Македонски Концепт ќе побара објаснување од власта за допуштање на странско политичко органзирање на македонска територија, со цел рушење на уставниот поредок на земјава!
НАТО мора да дејствува, не смее да дозволи нов конфликт помеѓу две земји членки на Алијансата. Не ни треба повторување на турско – грчкото сценарио во ново македонско – албанско сценарио на путиновци!
Не е дозволено земја членка на НАТО како Албанија, да се меша во внатрешни работи на земја членка на НАТО како Македонија!!!
Власта е неспособна да се повика на механизмите на НАТО, за заштита на суверениетот на земјава, но НАТО може да дејствува и самоиницијативно!
Вакво дејствување на македонски политички партии под власта на странски премиер е дирекно рушење на суверенитетот и уставниот поредок на Македонија, за што треба кривично да се одговара!
ЕУ е време да ги осуди овие постапки, да настапи конструктивно, во насока на запазување на интересот на Унијата за проширување во западен Балкан!
ОВА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ТОЛЕРИРА!!!“ – заклучува Богојески.