ОТВОРЕН БАЛКАН се распаѓа, зајковци повторно менуваат правец

Балкан, Европа

Големата вест во следната година би можела да биде спојувањето на двата големи регионални проекти: Берлинскиот процес и Отворениот Балкан.

Германија, која беше многу скептична кон иницијативата на Белград, Тирана и Скопје, под покровителство на Французите, не само што го оживеа Берлинскиот процес со неодамнешното потпишување на важни договори меѓу земјите од Западен Балкан, туку и ја отвори вратата следната година да се работи на спојување на двата процеса кои во суштина имаат иста цел: создавање на единствен регионален пазар, јави дописникот на МИА од Белград.

Голема одговорност е на српкиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама – Глумац и Димитар Ковачевски – Таче, кои треба да го постават Отворен Балкан во рамките на европското правно наследство (Acquis) почитувајќи ги стандардите и параметрите на ЕУ.

-На овој начин, спојување на двата процеса би можело да се случи и без задолжително членство на сите земји во двата проекти. Би се применувал истиот принцип како Шенгенскиот договор или во еврозоната, каде што имаме земји-членки на ЕУ кои не мора да се членки на двете иницијативи, а се инкорпорирани како дел од единствениот пазар на ЕУ, пишува белградскиот магазин Недељник.

И тука имаме многу важна улога за Берлин. Канцеларот Олаф Шолц искрено се залага за забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, но тој е свесен за сите пречки со кои се соочува процесот и отпорот во некои земји од ЕУ. Единствениот пазар на Западен Балкан не е замена за членството во ЕУ, но е еден вид загревање кое може да потрае…, пишува Недељник.

Ова ги потврди сите ставови на скептиците за Отворен Балкан, дека е празна иницијатива без крајна цел и дека истата мора еден ден да се усогласи со ЕУ пристапен процес, што значи во основа нејзино целосно укинување. Заевистите кои поитаа да пристапат кон тој Отворен Балкан, денес покаени, се вртат повторно на стара „помија“.

Односите во ЕУ не се такви што со оптимизам може да ги очекуваме неопходните реформи, особено кога станува збор за системот на одлучување. Отпорот на одделните влади е силен, а во некои земји, како што е Полска, имаме национален консензус дека не треба да се дозволи укинување на консензусот или едногласното одлучување во ЕУ.

Со други зборови, се наоѓаме во пат позиција. Земјите како Франција и Холандија не сакаат ниту да слушнат за ново проширување на ЕУ без реформи во одлучувањето во телата на Унијата, а земјите кои се за проширување кон Западен Балкан не сакаат да се откажат од своето право на вето во ЕУ.

Во една таква констелација, приоритет за Србија и нејзините соседи останува создавањето единствен пазар на Западен Балкан, зајакнувањето на билатералните односи со земјите-членки на ЕУ, подобрувањето на имиџот во ЕУ преку зајакнување на владеењето на правото, демократијата и заштитата на слободата и правата на граѓаните и малцинствата, чекајќи го моментот кога повторно ќе се отворат вратите на Унијата, пишува Недељник.

Со други зборови, не умри магаре до зелена трева!