ЕУ бара казни, ТАЧЕ молчи на бугарскиот наонацизам

Европа

Негирање на македонската нација и промоција на фашистички лидери како Цар Борис Трети се дела за кои според најстарата Европска организација треба да има кривична одговорност и затворски казни.

Комитетот на министри на Советот на Европа усвоил протокол во кој бара од земјите-потписнички да го криминализираат ширењето расистички и ксенофобичен материјал, како и расистички и ксенофобични закани. Протоколот конкретно го опфаќа и негирањето на холокаустот и другите геноциди признаени како такви од меѓународните судови, основани од 1945 година, со релевантни меѓународни правни инструменти.

Во Македонија, вработени во Владата на високи службенички позиции, го негираат холокаустот, не признаваат постоење на македонски народ и јазик, дури спроведуваат процеси против Македонци, а премиерот Ковачевски Таче молчи! Дали Таче е против ЕУ, а на страна на избугарените Македонци, неонацисти!

Протоколот исто така предвидува дека земјата-потписник, по негова дискреција може да го гони насилникот ако делото е извршено со намера да поттикне омраза, дискриминација и насилство.

Во протоколот исто така се вели дека „Европскиот суд за човекови права јасно стави до знаење дека негирањето или ревизијата на јасно утврдените историски факти – како што е холокаустот –… ќе бидат отстранети од заштитата на членот 10 од членот 17 од Европската конвенција за човекови права“.

Со други зборови, личностите ќе можат кривично да одговараат пред судовите и тоа нема да се смета за нарушување на човековите права, односно нема да се смета за нарушување на слободата на говор, пишува Нова Македонија.

Петар Богојески, лидерот на партијата МКонцепт, побара одговорност од премиерот Ковечевски Таче, токму на оваа тема, за неонацистите вработени во Владата на РМ. Тој приложи и докази дека владините службеници се основачи на неонацистичка бугарска организација ДЕЛО Скопје, која спроведува прогон против Македонците кои не прифаќаат бугарска нацистичка пропаганда.

Богојески објави дека неговата партија Македонски Концепт ќе го следи примерот на ЕУ и доколку има пратеници ќе воведат кривично дело за негационизам на македонското постоење.

Според историчарите и универзитетските професори, бугарскиот историски негационизам е идентичен со радикалните доктрини што го негираат геноцидот на нацистичка Германија врз Евреите, Ромите или другите луѓе. Срцевината на оваа негационистичка идеологија е негирањето на постоењето на гасните комори, слично како што современото бугарско општество се обидува да го релативизира учеството на Бугарија како колаборационист на Третиот рајх, на фашизмот, да релативизира дека било активен чинител на воени злосторства над Македонците, дека било активен учесник во уништувањето на македонските Евреи.

Бугарската негационистичка идеологија се огледува и во тоа што таа активно и перманентно го негира постоењето на македонските национални особености, односно идентитет, објави весникот.

,,Нашето општество во еден подолг период е сведок на постојано негирање на македонската историска самобитност, која има намера да го видоизмени вековниот континуитет на македонскиот народ. Ова негирање е својствено за бугарското општество и тоа е очигледно од изјавите на повеќемина високи бугарски политичари и општественици.

Но бугарското ирационално негирање не е ограничено само на македонскиот народ туку и на одредени сегменти од бугарско минато, како што е бугарскиот фашизам или екстремниот бугарски национализам, кој се манифестира преку идејата за санстефанска Бугарија, пишува авторот на анализата за Нова Македонија кој детално елаборира зошто Македонија треба поостро да се бори против бугарската агресија.

Во минатото доколку ирационалното негирање на историските факти и настани беше типично за Бугарија, денес некои од чинителите во македонското општество како да се придружија во негирањето на македонскиот историски континуитет и самобитност. Во конкретниот пример кога се негира македонската автохтона историја станува збор за историски негационизам, а не за историски ревизионизам, два поима што честопати погрешно се изедначуваат.

Историски ревизионизам, всушност, е академска реинтерпретација на историјата, односно ново видување на историските документи или извори. Кога се негира постоењето на македонскиот народ врз основа на фалсификување или искривување на историските извори станува збор за пример на историски негационизам, слично како што е негирањето на холокаустот.

Во рамките на Европската Унија, како и во неколку други држави, историскиот негационизам е кривично дело, затоа што е говор на омраза.

Ревизионистичката перспектива не негира одреден историски настан или процес, туку повеќе има цел да го оспори конвенционалното гледиште. Негационистичката перспектива, наспроти тоа, го негира самото постоење, ги занемарува утврдените историски норми и ја нарушува врската помеѓу настанот и историската реалност.

Како конкретен пример на историскиот негационизам може да се посочат постојаните негирања на македонскиот народ и неговото историско минато, како и негирањата на бугарскиот фашизам и учеството на царска Бугарија во холокаустот.

Историскиот негационизам се карактеризира со фалсификување или искривување на историските извори и документи. Овој негационизам може да користи техники недозволиви во соодветниот историски дискурс, како што се претставување познати фалсификувани документи како вистински, припишување заклучоци на книги и извори што го известуваат спротивното, манипулирање со статистички податоци на серии за поддршка на дадената гледна точка и намерно погрешно преведување текстови.

Богојески за истото тврди дека е државно спонзорирана кампања во Бугарија повеќе децении, дека постои фабрика за фалсификување на историја во државната вила Бојана во која живеел комунистичкиот диктатор Тодор Живков и неговиот измеќар лудиот наводен историчар Божидар Димитров.

Во изминатиов период имаше неколку обиди за дискредитирање на одредени македонски историски личности, со намера да се доведе во прашање македонското историско минато. Најочигледен е примерот со македонскиот национален деец Гоце Делчев, кому му се дава бугарски колорит.

Но бугарскиот историскиот негационизам не е ограничен само на Делчев, туку напротив, во обидите да му се даде бугарски карактер на македонското револуционерно движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век има обиди за претставување на Христо Татарчев, првиот претседател на Македонската револуционерна организација (МРО), како личност со бугарска национална свест, нешто што е спротивно од историската реалност.

Меѓу двете светски војни, Христо Татарчев објави голем број текстови во кои се очигледни неговите ставови за македонскиот народ и токму овие пишувања го доведуваат во прашање историскиот негационизам што некој се обидува да го наметне. Во 1930 година за весникот „Македонија“, Христо Татарчев го напишал следното:

„Народ, кој го истрпи петвековното ропство; кој што се ослободи од фенерскиот духовен гнет; кој што ја разруши турската империја со своите епски подвизи и борби, не може да се откаже од својата историја и култура, како и од своето право на суштествување како нација. Македонскиот народ, кој четири децении се бори со извонредна посветеност, не може по никаква цена да ја направи таа жртва.“

Проф. д-р Емануела Фронза од Универзитетот во Болоња истакнува дека негационистичкиот феномен се манифестира во многу европски земји, предизвикувајќи аларм во колективната совест. Доказите за пертурбативната сила на негационизмот се рефлектираат и во силата и карактерот на реакцијата на него, реакција што се рефлектира во кривичните закони што го казнуваат негационизмот, донесени и од националните и од наднационалните управни тела.

Наднационалните институции го осудуваат негационистичкиот феномен со помош на правни инструменти, кои го овластуваат, и опишуваат кривични пријави што државите можат да ги изречат за такво однесување, нагласува Емануела Фронза, експертка за меѓународно и европско кривично право.

Според неа, повеќето национални закони што го казнуваат таквото однесување се засноваат на ад хок норми. Алармантното оживување на епизодите на негационизам натера многу европски законодавни тела – меѓу нив Германија, Франција, Белгија, Шпанија и Австрија – да воведат нови нормативни инструменти насочени кон соочување со таквите феномени. Пред овие законодавни интервенции, актите на негационизам не можеа да бидат казнети во сите нивни различни форми, вели Емануела Фронза.

Негационизмот е изрично казнив во Германија, Франција, Австрија, Белгија, Шпанија, Португалија и во Швајцарија, но и во неколку други држави како што е Израел.

Дополнително, Холандија го смета негирањето на холокаустот како злосторство од омраза – што е казниво дело, посочува Емануела Фронза, објавува Нова Македонија.