МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ ќе промовира своја ДОКТРИНА

Политика

Новата партија Македонски Концепт, објави промоција на партиската ДОКТРИНА, утре 20.12 (вторник) 2022 година во 17.32ч до 18.33ч во сала ЊуЈорк, Хотел Парк & Спа Резиденс, на кеј на Вардар кај Градски Стадион – Скопје.

Настанот ќе биде модериран од истакнатиот македонски уметник Мартин Јордановски Глумац, а се очекува обраќање на неколку од авторите на таа Доктрина, меѓу кои и националниот тим лидер на партијата, Петар Богојески.

Од партијата истакнуваат дека се поканети сите граѓани кои ги споделуваат вредностите и визијата за една модерна, прогресивна и граѓанска Македонија, во која сите ние сме „свои на своето“.

Лидерот на партијата, Богојески на социјалните мрежи сподели повик до граѓаните, кој гласи:

„Почитувани граѓани,

членови, симпатизери и поддржувачи на нашата партија МКонцепт, ја имам таа чест да ве поканам на ПРОМОЦИЈА на нашата ДОКТРИНА, со која особено се гордеам!

Поканата важи за сите вас, децата на ИЛИНДЕН, кои сте свои на своето во нашата Македонија, кои посакувате рестарт на македонскиот систем, кој веќе, за жал, не функционира!

Да направиме Македонија да функционира како земја на еднакви можности, е голем предизвик, не мој, не твој, на сите нас Македонците, без разлика на која етничка, верска или политичка заедница припаѓаме!

ДОКТРИНАТА е нашата душа, нашата визија, нашата мисија!

Тоа е Каузата за која ви говорам, тоа е Македонскиот Концепт, за конечно Македонците да започнеме да победуваме!