ОБИЏУКО се предомисли за АРАЧИНОВО после повторно Свети КАЛЕјавление

Хроника

Полициски службеници од Одделението за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје, пред некој ден во 22.40 часот во Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Ш.М. (31) од село Арачиново, скопско јавува НетПрес.

Тој се сомничи дека на 01.12.2022 по електронски пат испратил порака со заканувачка содржина кон вработени во новинска агенција – интернет порталот НетПрес поради претходно објавен текст.

Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку, во заканата на испраќачот добиена на официјална фејсбук страница на порталот НетПрес, според содржината, се претпоставува дека станува збор за реакција во врска со објавената информација за инцидент во скопско Арачиново.

Пораката е од профилот на извесен Ш. М. и гласи: ‘за лајкови не земајте луѓе на врат, самите себе се земате на врат… немојте да претерате со лажни вести… оние си побегнале, а вие кај ќе се криете”.

За заканите кон редакцијата, Нетпрес ги известила и амабасадата на САД и амбасадорот на ЕУ во Скопје.

МВР го привела осомничениот повеќе од 24 часа по упатените закани и случајно или не откако за заканите е информирана и американската амбасадорка во Скопје Ангела Агелер.

Министерот Спасовски негира дека во Арачиново се случил инцидент во кој жител на селото бил запрен од полициска патрола, но не можеше и заканите кон новинари да ги игнорира, после повторно Свети КАЛЕјавление.