ЕУ удри по власта на која и дале милиони, веројатно САД ги охрабрија

Македонија

Владата изјави амбициозно дека ќе се приклучи на Европската Унија во 2030 година, а тоа ја налути ЕУ, особено амбасадорот Гир, кој смета дека успехот или неуспехот на оваа амбициозна одлука ќе зависи од работата на власта, особено спроведување на реформите поврзани со ЕУ, а реформите во правосудството се неопходни и тоа ургентно.

Ова го истакна амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир во обраќање на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК), откако се охрабри после изјавите на колешката Агелер од САД.

Но тој се потруди да не случајно звучи престрого, па ја укори и опозицијата дека треба да гарантира дека земјата ќе продолжи на својот пат кон пристапување кон ЕУ со ист чекор на спроведување на реформите без оглед на тоа која влада е на власт – рече Гир. Со ова ЕУ амбасадорот потсвесно призна дека оваа власт е минато и дека следува голема промена.

Според Гир, ако власта ветува влез во ЕУ до 2030 година, треба да знае дека во преговорите треба да бидат вклучени сите грѓани, деловната заедница, граѓанското општество, како и мобилизирањето на сите ресурси на државата, а не само послушниците на Маричиќ, зашто Македонија мора да направи целосна трансформација на општеството, што значи примена на реформите на терен без кои не може да се соберат бенефициите од членството, а без заложби за реформите, процесот на пристапување не може да напредува.

Тој ја нагласи и улогата на НСЕИ во процесот на реформи, кој рече, треба да се подготви за долги денови и ноќи затоа што треба да го води суштинскиот процес. Ја истакна меѓу другото и улогата на локалните власти, бидејќи 70 проценти од спроведувањето на законите на ЕУ потпаѓа на локалните заедници, но и на медиумите кои, според него, имаат посебна одговорност да бидат информирани за да информираат врз основа на највисоките етички и професионални стандарди.

– Фокусот е на спроведување на реформите што ви претстојат. Земјата треба да обезбеди стабилност, просперитет и отчетност дури и во вакви тешки времиња со крвавата војна во соседство со сѐ поскапите цени за живот и енергенси. Дали патот до ЕУ е едноставен – се разбира не, дали ќе има пречки – да, дали ќе има превирања – да. Меѓутоа, разбирањето на оваа тема не е едноставно – рече Гир, но јавно не кажа дека мисли на нови уцени од Бугарија.

Во однос на темата на првата сесија „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи“ евроамбасадорот изрази разочарување од случувањата во последните месеци.

– ЕУ потроши милиони во овој сектор. Ние и граѓаните со право треба да очекуваме дека тоа ќе генерира резултати. Да, но тоа не е доволно, а настаните во изминатите месеци беа многу разочарувачки. Постои потреба повторно да се заложиме за реформите. Владата го предводи овој процес, меѓутоа и Парламентот треба да ги следи во ова.

Реформите се неопходни и тоа ургентно. Имаме одговорност да покажеме професионализам што го очекува јавноста преку судскиот совет, преку правосудните органи затоа што ЕУ ќе го следи овој процес од првиот ден до денот на пристапувањето – порача Гир.

Тој посочи дека истото се однесува и за корупцијата, и праша зошто препораките на ДКСК не се проследуваат систематски.

– Дали имаме причини да бидеме оптимисти. Емпатично кажано – да. Патот на земјата напред е тежок, но веќе сте напреднале во реформи во важни области, а во други сте дури и понапред од земји кои преговараат за членство во ЕУ. Со ова Гир дирекно признава дека ние не преговараме за членство со ЕУ, што значи Маричиќ и компанија лажат.

Степенот на потешкотии понекогаш може да се чини дека е преобемен, но и други држави покажале дека е тоа возможно. Пример се Словенија или Хрватска, како позитивни модели, потоа балтичките држави, како и Словачка која великодушно ја поддржува Националната конвенција.

Но ресурсите што постојат во вашата земја се важни и за ЕУ и за меѓународната јавност. Ние ќе бидеме со вас на секој чекор на овој пат не само на зборови, туку со издржана поддршка. Верувам дека ќе успеете. Сметаме на вашето партнерство и пријателство на вашиот пристапен пат како што и вие можете да сметате на нашето – порача евроамбасадорот Гир.