ВЛАСТА ЌЕ КОНФИСКУВА имот над 30.000 евра, ДУИ ќе прави проценка

Македонија

Законот за потеклото на имотот, предложен како решение за намалување на корупцијата, постои како нацрт долго време, но не е доставен до Собранието. ДУИ ја раководи владата и институциите задолжени за конфискацијата, таа партија како најчесна и некорумпирана ќе прави проценка на кого што да се конфискува.

Од Владата велат дека го финализираат со решенија кои недостасувале во конечната верзија во работни групи со меѓународни и домашни експерти. Предлогот е во надлежност на кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска.

„Важно е решенијата во законот да бидат прецизни, јасни и да нема конфликти или противречности со постојните законски решенија. Новото законско решение мора да биде применливо за да има големи ефекти во борбата против корупцијата. Предлог-законот ќе биде доставен на разгледување и до Венецијанската комисија“, велат од Влада.

Од внатрешни извори во Владата доставена е нацрт-верзија на овој закон, која покажува целосна дисфункционалност и „лов на вештерки“ кои не одговараат на власта.

Во него се вели дека целта е да се регулира постапката за имот чиј сопственик не може да докаже дека му е од законски извори. Надлежен орган за следење на постапката е Управата за финансиска полиција преку Државниот правобранител. Се е тоа под строга контрола на ДУИ. Таа партија ќе не спасува од криминалот во земјава.

Под имот значи пари, хартии од вредност, заштеди, материјален или нематеријален имот, вклучително и виртуелни правни инструменти, движен или недвижен имот, кој е внатре или надвор од државата, во сопственост на физички лица државјани на Македонија, странски државјани со престој во Македонија, лица без државјанство, со живеалиште во Македонија или правни лица регистрирани во Македонија.

Нацртот предвидува сомнежите на секоја институција, правен субјект или кој било граѓанин за имот стекнат од незаконски извори, да може да се пријави во Управата за финансиска полиција, која по партиски клуч ќе гони опозиционери, кои се гласни против власта, а арамиите од власта ќе бидат ослободени од постапки.

„Вредноста на имотот за кој не може да се докаже дека е од законски извори ја надминува вредноста од 30.000 евра во денарска противвредност, пресметана во период од една календарска година“, се вели во Предлог-закон за потекло на имот.

Постапката ќе се одвива преку тужба во граѓанскиот суд. Законот во 2021 година го најави поранешниот вицепремиер за борба против корупцијата, Љупчо Николовски – Путерот. Оттогаш до сега, Комисијата за спречување на корупцијата врши притисок за негово донесување.

Дали власта ќе успее да донесе закон за прогон на опозицијата или закон за потекло на назаконски стекнат имот?