(Видеа) НОВ НУКЛЕАРЕН ЅВЕР од САД, нема конкуренција во свет

Технологија

Американската компанија за воздухопловна и одбранбена технологија „Нортроп Груман“ го претстави својот нов авион Б-21 „Рајдер“, прв во новата флота на стелт нуклеарни бомбардери со долг дострел наменети пред се за потребите на американското воено воздухопловство.

Б-21 Рајдер беше претставен на церемонија во Палмдејл, Калифорнија, каде посетителите можеа да го видат новиот бомбардер, објави Ројтерс. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека тоа не е само уште еден авион, туку показател за решителноста на САД да се бранат.

Б-21, кој има облик на крила во лет, е сличен на неговиот претходник Б-2 и ќе може да носи конвенционално и нуклеарно оружје.

Air Force unveils B-21 Raider stealth aircraft | CNN Politics

Авионот е првиот новодизајниран стратешки бомбардер на Америка во повеќе од 30 години, и речиси секој аспект од развојот на програмата е класифициран. Пред 12 години се предвидуваше дека еден таков авион ќе чини 550 милиони долари, но со инфлацијата денес чини 750 милиони.

Воздухопловните сили на САД планираа да купат најмалку 100 од овие авиони и да почнат да ги додаваат во флотата за да ги заменат бомбардерите Б-1 и Б-2. Во 2015 година „Нортроп“ ги победи на тендерот „Боинг“ и „Локид Мартин“, која настапија заедно.

Нортроп го нарекува Б-21 авион од шестата генерација, со оглед на можноста за лесно поврзување со други авиони и лесното интегрирање на идното оружје во неговите системи. „Б-21 е поиздржлив, помалку видлив на радарот благодарение на стелт материјалите кои бараат помалку одржување и трошоците за неговата употреба се сведени на минимум“, рече Даг Јанг, потпретседател на Нортроп Груман.

Шест од овие авиони, кои за прв пат треба да летаат кон средината на следната година, се во различни фази на производство.