
ПОЕНТА НА ДЕНОТ со македонскиот автошовинизам
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков
пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ – кажал големиот идеолог Георги (Гоце) Делчец.
„Јас не сум видел друг народ на светов со толку многу автошовинисти, како македонскиот!“ – кажа поентирачот.
Како е ова можно? Како е можно човек до толку, себе си да не се почитува, да се мрази се што е свое и македонско, да се потценува се што припаѓа на Македонците, да се исмева се што прави македонскиот народ?
Нема друг народ со вакви изроди, помеѓу него! Нема! Никој друг на свет, вака не се само-мрази, како македонскиот! Па дури ниту оние банту племиња по прашуми или пустини. Никој!
Тоа е автошовинизам, да мразиш се што е твое, македонско!
Како може да се почитува се што е туѓо, па и распаднато и расулово, но никако да не се почитува своето?
Како може се да биде подобро од своето, од македонското?
Како може да се има желба да се слугува на туѓите, а да се мрази ближниот и својот Македонец?
Како? Како? Што е проблемот со овој народ?
Автошовинисти ќе сретнете насекаде, кај сите народи! Да, по неколку примери, обично оние „космополити“, но и тие не се мразат себеси!
Автошовинисти кај Македонците ќе сретнете на секој чекор!
Жално Македонци! Брука за сите нас!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!