
ПОЕНТА НА ДЕНОТ со „француски предлог“ – made in Russia!
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
На сите нас, ни е повеќе од јасно дека т.н. „француски предлог“ за влез на Македонија во ЕУ е всушност реално „бугарски предлог“. И се до тука е јасно како бел ден.
Но имаме една дилема. Дали е Бугарија способна да направи „бугарски предлог“? Ако историски погледнеме на назад, се што е бугарски проект, се е проектирано во Москва.
Русија ја создаде Бугарија, откако не успеа планот на Екатерина Велика со „мегали идејата“ за Грција, Константинопол под руска круна!
Русија ја создаде и политичката бугарска нација, асимилирајќи разно население во Мизија (Романија, Србија и северна Бугарија), Тракија (Јужна Бугарија, Турција и Грција) и Македонија.
Русија ја создаде идејата за голема или „санстефанска“ Бугарија, со приклучување на Македонија во неа!
Русија ја создаде „бугарската историја“ од времето на Вила Бојана (Тошо Живков и Божидар Димитров, двајцата болшевички измеќари)!
Русија ги создаде проблемите помеѓу Југославија и Бугарија, кои останаа денес како проблеми на Македонија со Бугарија!
Русија ги создаде сите бугарски шупелки по „македонскија в’проз“, докажани агенти на КГБ и ГРУ до еден!
Русија ја создаде „Рамковата позиција“ на Бугарија за Македонија!
Русија го напиша „Меморандумот до ЕУ“ за Македонија, преку перото на еден продавач на руски трактори од Софија.
Русија го наложи „бугарското вето“ за Македонија, да спречи почеток на ширење на ЕУ во Западен Балкан.
Ако се знае дека во моментов во Бугарија не може да се состави влада, поради одлука на Русија за перманентна дестабилизација на јужното крило на НАТО и дека Москва ги раководи 80% од бугарските политичари, сосема логично е да се заклучи дека “бугарскиот предлог“ шитнат и наметнат во Македонија како „француски“, е всушност „руски предлог“!
Така можеме да истакнеме дека сите оние „тврди европејци“ од Македонија, кои се попалени на „францускиот предлог“, всушност го исполнуваат рускиот план за Македонија.
Тоа да се каже за бугарските политичари, воопшто не е проблем, они се докажани руски измеќари!
Но тоа е битно да се знае и за македонските политичари, сите напалени на „француски предлог“ се ништо друго, туку обични руски измеќари!
Сите оние Албанци, не само албански политичари, кои силно застанаа зад „француски предлог“ се всушност руски имеќари!
Сите оние етнички заедници од Македонија, кои стојат зад „француски предлог“ се всушност руски измеќари!
Секако дека и оние од Америка, кои се дојдени тука да се „шлаат“ на година две, се исто така седнати во скутот на Кремељ, само уште не им кажале од Вашингтон! А за кратко ќе дознаат!
ЗАКЛУЧОК: „Француски предлог“ – made in Russia!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!