ТАЧЕ огорчено ПРЕСЕЧЕ, Димовски добива казна како амбасадор во Париз

Македонија

Премиерот Димитар Ковечевски пресече! Огорчен од скандалот со Онишенко, тој ќе го разреши директорот на АНБ Виктор Димовски, и од директорче во Македонија, под казна ќе оди амбасадор во Париз. На Виктор му се слошило, тврдат очевидците.

Нема да отстапам од барањето одговорност за направениот пропуст. Одговорот за причините ќе ги даде истрагата што треба да се спроведе во АНБ и соодветниот извештај.

Штом ќе има извештај, мора да има и одговорност за тоа што е направено, изјави премиерот Димитар Ковачевски во врска со случајот „Онишченко” за доделувањето македонско државјанство на Украинецот Олександар Онишченко, кој е на црната листа на САД.

Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски истакна дека не е само непријатно изненаден, туку и „огорчен од начинот на којшто лице што е на црната листа на Соединетите Американски Држави, наш стратешки партнер, ги има добиено сите позитивни мислења за добивање државјанство на Северна Македонија”.

– Обврска на Агенцијата на национална безбедност е да спроведе сеопфатна истрага, внатре, во своите редови, во однос на тоа како е спроведена постапката и за тоа да ја информира Владата, секако на затворена седница, бидејќи се работи за сензитивни информации – рече Ковачевски по посетата на фабрики во Струга и Охрид.

Според информациите, Виктор Димовски бил јако забринут зошто поради овој смешен пропуст ќе биде казнет со амбасадорско место во Париз, Франција, каде ќе мора присилно да ужива во лошото време и големата гужва во тој распаднат град. Се молиме за Виктор!