ПОЕНТА НА ДЕНОТ со бугарските Албанци вљубени во Путин

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

Голема љубов на Албанците кон Бугарија. Повеќе од 13.000 Албанци од Македонија извадиле бугарски пасоши и потпишале изјава дека се етнички Бугари по баби и дедовци. Преку 30 албански „интелектуалци“ вегетираат на бугарска сметка, 10 новинари од Македонија, етнички Албанци сркаат супа на бугарски левови.

Истите овие јаки Албанци, силно застанаа зад проектот за ребугаризација на Македонците. Тоа е сонот на Кремељ, тоа е проектот за Сан Стефанска Бугарија, тоа е желбата на Русија, која никако да се оствари повеќе од 200 години.

Проектот за ребугаризација на Македонците и оспорување на државноста на Македонија е руско масло против проширување на ЕУ на Балкан. Русите не ги заболе многу за Бугарите и Албанците, туку за своите планови да се минираат процесите на обединување на Европа под патронат на Брисел.

Се додека Бугарија прави проблеми и ги кочи процесите за нормализација и европеизација на Балканот, таа е добра ученичка на мајка Русија.

Секој кој стои на тие бугарски акции во Македонија е извршител на наредбите на мајка Русија.

А тоа пак недвосмислено означува дека Албанците кои стојат на бугарска страна, против нас Македонците и внатрешно ја рушат НАТОвска Македонија, се само обични руски ИЗМЕЌАРИ!

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!