„Тврдина“ на Путин во срцето на Европа: „Ова не е нормално! Секој втор граѓанин мисли дека Русите не ја нападнале Украина…’

Свет

Словачка, членка на НАТО и на Европската Унија, е под жестоки напади на руската пропагандна машина. Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека Русите не ја предизвикале војната во Украина. Централната власт е принудена да потроши значителни ресурси за да ја зајакне специјалната единица формирана годинава, чија мисија е борба против руската пропаганда.

Центарот за борба против хибридни закани при Министерството за внатрешни работи е во процес на купување на специјален аналитички софтвер заснован на вештачка интелигенција, кој треба да ги открие различните информативни операции на Кремљ.

„Ова ќе ни овозможи да имаме подобар преглед на она што се случува на Интернет, како и да ги откриеме протагонистите зад пропагандните кампањи“, вели Даниел Мило, шеф на специјалната единица во словачкото Министерство за внатрешни работи.

Русите користат онлајн хибридни кампањи за да ја поткопаат владата, која има силен проукраински став.

Истражувањата покажуваат дека повеќе од половина од словачкото население (5,4 милиони луѓе) страсно следи различни теории на заговор, а секој втор Словак верува дека Русија не ја нападнала Украина.

Исто така, повеќе граѓани им веруваат на Русите отколку на сојузниците на Америка.

Набргу откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, уделот на прорускиот наратив на социјалните мрежи се изедначи со проукраинскиот, вели Мило.

„И тогаш ситуацијата се промени во насока на ненормалното во последните месеци. Преовладуваа проруските објави на Фејсбук. Ова е резултат на оваа кампања за дезинформации, дел од населението е индоктринирано со проруска пропаганда.

„Мораме итно да ги забрзаме нашите напори“, признава словачкиот премиер Едуард Хагер. „За да успееме, потребна ни е поддршка на европско и глобално ниво, во спротивно сите наши напори би можеле да пропаднат“.