(Видео) Виртуозот Трпчески со музички поздрав од САД: Горд сум што сум дел од македонскиот тим за Јуниорскиот Евросонг!
Песната „Животот е пред мене“ која ја пеат Лара, ќерката на Трпчевски Јован и Ирина ќе нѐ претставува на сцената во Ереван Ерменија на 11 декември годинава.
Автор на песната е нашиот виртуоз Симон Трпчески. Трплески од САД на својот Фејсбук испрати поздрави до тимот нагласувајќи дека е горд што е дел од него.
„Поздрав од уште една прекрасна сала во Америка од Минеаполис, пред концертите со „Минесота оркестра“. Но, овојпат поздравот е до македонскиот тим за Јуниорскиот Евросонг со кој се гордеам и што сум дел.
Поздрав и им посакувам голем успех на Лара, Јован и Ирина. Одиме на прекрасна дружба и одиме да испратиме една прекрасна порака до светот дека животот е пред нас. Одиме напред Македонија“, Трпчески.
Како и секоја година, Македонската радио-телевизија ќе врши директен пренос на од настанот Јуниорски Евросонг.
Во продолжение, ако до сега не сте го виделе, погледнете го видеозаписот за „Животот е пред мене“.