(ФОТО) Дали ѝ требаше? Нина Бадриќ сосема го трансформираше лицето во желба да изгледа помлада!

Lifestyle, Сцена

Пејачката објави фотографии од Италија на кои се гледа голема промена на нејзиното лице, а обожавателите искажаа различни мислења, но голем дел од нив се воодушевени.

Нина Бадриќ објави фотографии на Инстаграм и предизвика општо лудило. За помалку од еден ден таа доби повеќе од 26.600 лајкови, а следуваа пофалби, особено од припадничките на понежниот пол, на кои оваа дама им е пример.

Нина летово наполни 50 години и гордо зачекори во 6-та деценија, а промената која е повеќе од очигледна, а која предизвика и низа коментари, е тоа што очигледно стана – помлада. Сите се согласија во едно – сега изгледа како да се вратила 10-20 години назад.

Пејачката со младешки изглед моментално ужива во сите убавини на Тоскана во Италија, а позната е како некој што ретко ја менува шминката, фризурата, бојата на косата или стилот.

Нина драстично ја скратила косата. Забележливо е дека се префарбала во малку потемна нијанса, а се одлучила за патец во средината и нежни бранови.

„Сè што расипав во животот, го расипав од страв да не расипам – напиша Бадриќ.