
ШОКАНТНО ВИДЕО: Моментот кога мостот во Гуџарат се руши како да е играчка, а луѓето ги проголтува провалијата
230-метарскиот висечки мост во Гуџарат, Индија, беше преполн со туристи за свеченостите Дивали и Чат Пуџа кога се урна во неделата вечерта. Луѓето кои беа на мостот паднаа во реката. Беа регистрирани над 130 жртви, меѓу кои и многу жени и деца.
Министерот за внатрешни работи на Гуџарат, Харш Сангави, изјави за печатот дека е отворена истрага за трагичната несреќа на мостот, кој датира од колонијалното време, а кој беше затворен шест месеци поради реновирање пред повторно да биде отворен за јавноста минатата недела.
Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство:
„Ретко во животот сум доживеал ваква болка. Од една страна, срцето ми е скршено од болка, а од друга страна, морам да го следам патот на должноста“.
Денес пак, се појави морничаво видео од настанот како мостот се руши и како луѓето паѓаат од огромна висина.
Инаку, мостот како да е играчка се распадна за секунда.
Gujarat Model collapse in a sec. Horrifying visuals ☹️ pic.twitter.com/DCdYbUb4yQ
— Prakash (@Hereprak) October 31, 2022