БУГАРСКАТА наезда не престанува, планирале ново ВЕТО

Балкан

Јотова, како што јави БНР, при средба со хрватскиот претседател информирала за резервираноста на Бугарија да даде зелено светло за почеток на преговорите на Република Македонија за членство во Европската Унија.

Според бугарската потпретседателка, Бугарија требало појасно да ги објасни своите историски аргументи, а откако ЕУ ќе ја разбереле бугарската историја и откако истата ќе и се наметне на Македонија, тек потоа можеле да се согласат со влез на земјава во Унијата.

Бугарија во која било фаза од преговорите со ЕУ може да ѝ стави вето на Македонија, порача потпретседателката Илијана Јотова од Загреб, најавувајќи ново вето за Македонија пред очите на претседателот Зоран Милановиќ со кого разговараа за Шенген-зоната.

Јотова, како што јави БНР, го информирала хрватскиот претседател за резервираноста на Бугарија да даде зелено светло за почеток на преговорите на Република Македонија за членство во Европската Унија. Според бугарската потпретседателка, Бугарија требало појасно да ги објасни своите историски аргументи.

„Оние што важат од денеска, најмногу за Бугарите во Македонија и односот кон нив. Со оглед на пописот во Македонија и со состојбата дека се издадени 95 илјади официјални документи за бугарско државјанство, мал број луѓе се осмелија да се попишат како Бугари“, изјавила Јотова.

Според неа, Софија и Скопје имаат уште многу проблеми за решавање.

„Бугарија може да го наметне своето вето во која било фаза доколку не се исполнат условите од нашите договори и првата меѓувладина конференција и ако Договорот за добрососедство од 2017 година се покаже само како празен текст.

Се надевам дека нема да дојде до тоа и се надевам дека и нашите колеги од РСМ сфатија колку беше тешко да се донесе оваа одлука и колку брзо и кревко може да се покаже“, рекла Јотова.