Косово најави кандидатура за ЕУ на почеток на декември

Политика

На почетокот на декември се очекува Косово да ја поднесе својата апликација за членство во Европската унија (ЕУ), изјави Клисман Кадију, политички советник на вицепремиерот Бесник Бисљими.

Ние како Влада ги започнавме подготовките за поднесување апликација за членство во ЕУ, како прв чекор, за да добиеме статус на земја кандидат. Апликацијата ќе биде поднесена оваа година, најверојатно во декември, објасни Кадију во писмен одговор до Радио-телевизија на Косово.

Тој изјави дека на крајот на август била формирана Извршната комисија која ќе се занимава со подготовка на таа апликација и сега владата ги презема сите неопходни чекори за да ги информира сојузниците и чешкото претседателство со ЕУ за целта на апликацијата.