Паунов: Карбинци нема да одобрува барања за поставување фотоволтаици на земјоделски површини од 1-3 класа

Македонија

Општина Карбинци и советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи иницијативи за пренамена на земјоделско во градежно земјиште од категории 1-3.

Целта е поддршка на земјоделците и затоа градоначалникот апелира до пратениците да се поднесе и измена на законот за земјоделско земјиште и да се ограничат законските можности за ваква премамена.

На вчерашната прес конференција, градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, истакна дека не станува збор за трајно решение, зашто одобрение може да се добие во институциит на повисоко ниво, пренеува Миа.

Затоа, градоначалникот апалира да се направат законски измени.

– Пред денешната седница на Советот на Општина Карбинци, советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и јас како граданачалник, оформивме цврст став во однос на пренамената на земјоделското земјиште во градежно со намена за фотоволтаични системи.

Нашиот став е јасен, повеќе нема да се дваат согласности во врска со пренамената од прва до трета класа. Меѓутоа Законот за земјоделско земјиште не ги ограничува оние инвеститори или сопственици кои ја продаваат земјата, да си поднесат вакви иницијативи.

Затоа ние како Локална самоуправа бараме да се донесат измени во Законот за да го заштитиме земјоделското земјиште, поентира Паунов.

Во индустриската зона во Општина Карбинци е планирано земјиште токму за фотоволтаици, пренесува Миа.

Општината досега има добиено барања за околу 20 мегавати јачина, и заедно со соларната електрана која Владата ја најави како стратепка инвестиција, карбинското поле ќе биде со капацитет од вкупно 100 мегавати на час.

Откако е Паунов градоначалник, издадени се две дозволи за такви инвестиции, една на урбанизирана површина, а друга со пренамена од земјоделско во градежно земјиште со пониска категорија од трета класа.

Неодамна ваков став искажа и градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, и советниците на Советот на Општина Свети Николе.