(ФОТО) Лепа Брена од терасата на нејзината куќа од милион евра во Мајами има поглед кој вреди барем уште толку!

Lifestyle, Сцена

Поранешната и сегашна ѕвезда на поп фолкот од регионот, Лепа Брена и тенисерот Боба Живојиновиќ, победник на Грен слем УС Опен во 1986 година, покрај вилата на Бежанијска коса (Нов Белград), стан во Монте Карло, поседуваат и куќа во Мајами.

Куќата е изградена во 1950 година, и е во типичен монтажен, американски стил.

Во дворот има мал базен, а куќата е опкружена со луксузни вили и има поглед на море.

– Брена оди таму на одмор, но патем ги извршува и сите домашни работи, бидејќи таму нема помошници и готвачи. Кога заминува од Балканот, Брена е сосема обична жена… Не ја оптоварува тоа што во „белиот свет“ најмногу ја препознаваат луѓето од нашите простори – вели извор за Курир.

Куќата на Лепа Брена во Мајами вреди повеќе од 900.000 евра, луксузната недвижнина има 400 метри квадратни и се наоѓа во скапа населба во Мајами на морскиот брег.

Многу познати личности се соседи на Брена и Бобо, а се проценува дека месечното одржување на таков имот е околу 2.000 долари.