(ФОТО) „Стајлинг прочка 2023“: Антониа Гиговска ги заборави гаќите во емисија мислејќи како ѝ стои миничот!

Uncategorized

Откако во октомври заврши љубовната бајка помеѓу пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“, младата пејачка често се појавува по медиумите, а уште почесто шокира со модните комбинации и изгледот а-ла српска естрада.

Можеби врвот го гледаме сега – според нејините следбеници на социјалните мрежи „белким, нема и побетер од ова?!“ – во најновата емисија „Еден на еден“ на Жарко Димитриовски.

Во емисијата пејачката се појавува во екстра „минич“ во силна розова нијанса (имитација на кожа), бела тесна маичка со долги ракави, бели чорапи до колениците и зелени чевли со високи потпетици.

А за да се носи вакво мини здолниште, со врвци наместо материјал од двете страни, нема шанса да носите гаќи.

Критиките за изгледот на пејачката се поделени, некои сметаат дека изгледот е смел, додека други коментираат: „Стајлинг “Прочка” 2023“, „глуп стајлинг“ и тн…

Во секој случај, малку е оставено на фантазијата, судејќи според фотографиите кои самата ги постирала на својот Инстаграм профил. Емисијата ќе имате можност да ја гледате на 6 ноември, па можеби ќе видите и нешто повеќе на, пардон, „изволте“.