(ФОТО) „Ако ова е Бата Живојиновиќ, јас сум ќерка на Мерилин Монро“ – ГОРИ Твитер од лоши коментари за споменикот на славниот глумец

Lifestyle, Сцена

Големиот југословенски глумец Велимир Бата Живојиновиќ доби споменик во Сопот, но корисниците на социјалните мрежи не се задоволни од тоа како е претставен легендарниот Валтер.

Делото на скулпторот Ранко Ѓанковиќ и уметничката леарница „Браќа Јеремиќ“ е изработено во природна големина и го претставува Бата Живојиновиќ (1933-2016) во српска народна носија седнат на клупа.

Споменикот беше претставен вчера, за време на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

Не бил замислен како класичен споменик, туку како Бата седи на клупа и нуди можност за секој што сака да се слика до него. Идејата била и тука младите да се собираат, или чекаат пред излегување, во стилот: „Се гледаме кај Бата“….Ама…луѓето не се задоволни од делото.

На Твитер, за жал, се делат навреди кон авторот, и шпекулации на кого личи споменикот на Валтер.

Еден корисник на Твитер напиша; „Како некој да му го направил телото, друг главата, трет нозете, а некој четврти пак сето тоа да го залемил…“.

Друг пак, коментираше дека на споменикот Бата личи на Милош Шестиќ, познатиот поранешен фудбалер на Црвена звезда.

Корисничка на Твитер направи и споредба – „Ако е ова Бата, тогаш јас сум ќерка на Мерилин Монро, за која се претпоставува дека постои“.