Ќерката на Медлин Олбрајт вложува милиони во Косово: Во Приштина пречекана како кралица!

Политика, Свет

Алис Олбрајт, една од трите ќерки на поранешниот државен секретар Медлин Олбрајт и предводник на НАТО бомбардирањето на СРЈ, односно Србија, која страсно се залагаше за независно Косово, тргна по стапките на нејзината покојна мајка.

Имено, корпорацијата на чело со неа инвестира милиони долари во Косово, па таа вчера по тој повод пристигна во Приштина.

Наследничката на Олбрајт е извршна директорка на корпорацијата Милениумски предизвик (МЦЦ), која соработува со Косово во неколку области, вклучително и на енергетската ефикасност.

По пристигнувањето, таа обиколи три реновирани згради во приштинската населба Улпијана. Само за енергетска безбедност биле издвоени повеќе од 236 милиони долари, што е најголема инвестиција во историјата на Косово, а инвестициите на компанијата на Олбрајт се далеку, многу поголеми во Косово.

Договорот во јули го потпишаа Аљбин Курти и Вјоса Османи, претседателка на Косово.

Османи напиша на Твитер: „Суверено Косово, со растечка економија, е гордо што покрај себе ги има САД. САД се нашиот најмоќен сојузник“.

Приштинските власти ја пречекаа со раширени раце, што е и очекувано, бидејќи најмногу може да и се заблагодарат на нејзината мајка за сегашната позиција на Косово. Да потсетиме дека Медлин беше една од најжестоките застапници на бомбардирањето „кое еднаш засекогаш ќе го запре геноцидот на Косово бидејќи сите дипломатски средства се исцрпени“.

Оддавајќи ѝ почит, косовскиот премиер Аљбин Курти рече дека интервенцијата на НАТО го носи личниот печат на Медлин Олбрајт.

Во Приштина инаку има и биста на Медлин Олбрајт. Се зборува дека Олбрајт дебело заработила од продажбата на „Телеком Косово“, која нејзината компанија ја приватизирала по војната, а беше и лобистка во многу бизниси од кои одлично заработувала.