Визиите на Нострадамус пак актуелни: Чарлс Трети брзо ќе „падне“, на негово место доаѓа НЕОЧЕКУВАНО лице, еве што друго ќе се случува

Lifestyle, Забава

Чарлс ќе биде принуден да абдицира, а пророкот предвидел дека „ќе биде заменет со човек кој никогаш не очекувал да биде крал“.

Француски лекар и астролог чие вистинско име е Мишел де Нострадамус, познат во јавноста како пророк Нострадамус, ја предвидел точната година на смртта на кралицата, објаснува авторот и водечки експерт за познатиот пророк Марио Ридинг.

– Предвидувањето е дека кралицата Елизабета Втора ќе умре околу 2022 година, на возраст од околу 96 години – изјави Ридинг во 2005 година, пишувајќи за криптичните песни на Нострадамус од 1555 година.

Тој исто така рече дека Нострадамус ја напишал фразата „Крал на островите“ во една од неговите песни, мислејќи на шпекулациите дека голем дел од Комонвелтот ќе се отцепи за време на владеењето на кралот Чарлс III.

Авторот исто така тврдеше дека Чарлс ќе дојде на тронот на 74-годишна возраст.

„Но, незадоволството на одреден дел од британското население, по неговиот развод со Дијана, принцезата од Велс, ќе продолжи“, напиша авторот.

Експертот за делата на Нострадамус исто така толкува дека Чарлс ќе биде принуден да абдицира и дека реченицата на пророкот „Ќе биде заменет со човек кој никогаш не очекувал да биде крал“ значи дека Вилијам нема да седне на тронот.

Авторот рече и дека во тој случај принцот Хари би можел да стане крал.

Меѓутоа, како што пишува австралискиот портал 7њуз, има уште еден кандидат на кој досега никој не сметал, а тоа е „дедото од Квинсленд“, Сајмон Доранте-Деј.

56-годишникот веќе долго време тврди дека е таен син на кралот Чарлс и неговата сопруга Камила и покрена серија правни случаи против кралското семејство.

„За неколку часа пет луѓе ми ја испратија оваа страница од книгата на Ридинг“, изјави Доранте-Деј за 7NEWS.

„Тоа секако е тема за размислување. Предвидувањето јасно покажува дека некој надвор од рамката би можел да го замени Чарлс како крал. Разбирам зошто некои луѓе мислат дека јас одговарам на тој опис“, рече Доранте-Деј.

„Верувам дека сум син на Чарлс и Камила и со нетрпение го чекам денот кога ќе се појавам на суд, можноста да го докажам тоа. Можеби Нострадамус го имал истото мислење како мене, дека сето ова еден ден ќе излезе на виделина“, додаде тој.