(Фото) ОВОЈ инсект официјално го доби името по Новак Ѓоковиќ, ви личи на Ноле?

Lifestyle, Дали Знаете, Забава

Откриен и опишан е нов вид пештерски инсект кој го добил името Duvalius djokovici (Duvalius на Ѓоковиќ), во чест на трофејниот тениски шампион Новак Ѓоковиќ.

Научниот труд со откривање и опис на нов вид инсекти во Симина Јама, лоцирана во селото Горње Кошље на планината Повлен во околината на Љубовија во западна Србија, беше објавен пред неколку дена во реномираното меѓународно научно списанието Annales Zoologici Fennici, објави Биолошкиот факултет во Белград.

Duvalius djokovici (во превод „Duvalius на Ѓоковиќ“) е многу редок и тесно локализиран вид на инсект – мушичка, се вели во соопштението на Биолошкиот факултет.

„Се населува во Симина јама и не може да се најде никаде на друго место во светот. Тоа е мал, целосно слеп и депигментиран вид инсект со долги нозе и антени. Многу е брз и граблив, а се храни со други мали животни кои ја населуваат споменатата јама“, се вели во соопштението.

Се смета дека видот е многу стар, а неговите најблиски роднини ја населуваат западна Србија.

Но кои му се заеднички карактеристики со Новак Ѓоковиќ?

Авторите откриле сличност меѓу новиот вид инсект и Новак Ѓоковиќ врз основа на неколку заеднички карактеристики: брзина, сила, упорност, еластичност и способност да се преживее во сурова средина.

„Нов тип на инсекти е предатор во подземната средина, а Новак фигуративно е на тенискиот терен. Исто така и двајцата доаѓаат од Србија. Авторите на новиот вид се и фанови на Новак Ѓоковиќ, па тоа е уште една дополнителна причина поради која го именуваа видот по најдобриот тенисер на сите времиња и еден од најдоминантните спортисти во светот досега“, се наведува во соопштението.