БОМБА на „Камп ноу“: Еве кога Меси се враќа ДОМА

Спорт

Ова е моментно ударна вест во Шпанија!

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси од следната сезона повторно ќе игра за Барселона.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Каталонците постигнале договор со својата легенда, која од 1 јули 2023 година повторно ќе го носи дресот на гигантите од стадионот „Камп ноу“.

На овој начин претседателот Жоан Лапорта ќе го исполни ветувањето дека ќе го врати славниот Аргентинец дома, што ќе се случи по две години поминати во ПСЖ.

Меси има 35 години, а беше член на А тимот на Барса во периодот од 2004 до 2021 година. Во тој период одигра 520 натпревари со неверојатен успех од 474 постигнати голови.