ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Дали се враќа задолжителен ВОЕН РОК во Македонија?

Македонија

Украинската војна и безбедносната состојбата во Европа предизвикува нервоза и во военото раководство на АРМ и одговорните за безбедноста во земјава.

Во вечерашното гостување на Телевизија 21, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал Васко Ѓурчиновски рече дека дефинитивно има потреба од враќање на воениот рок во Македонија.

-Категорично ќе кажам да, има потреба. Знам дека на одредена популација можеби ова нема да им е популарна мерка. Има потреба од причина што 3 или 4 месеци служење на задолжителен воен рок, пример, за машката популација, доколку се воведе, не мора да стартува веднаш.

Може првите година, две да бидат преодни, па да се започне од 2025 година на пример. Зошто да не и женскиот пол, доброволно, да може да служи три месеци воен рок, рече Ѓурчиновски.

Дали е ова најава за потполнување на воената резерва на АРМ и почеток на некаков тип на мобилизација во Македонија? Следните месеци се клучни за одговор на овие прашања.

Началникот на генералштаб не прецизираше дали неговиот став е успогласен со стандардите на НАТО за професионални армии, и дали Македонија ќе започне процес на враќање на народна армија од минатиот век?