КАКО ЧЛЕНОВИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО СТАНУВААТ НАШИ НЕПРИЈАТЕЛИ

Lifestyle, ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ, Живот

Како членовите на семејството стануваат наши непријатели?

Познатиот руски психијатар и психотерапевт Михаил Литвак истакнал дека понекогаш најблиските луѓе можат да ни бидат најголеми непријатели, иако тоа воопшто не го забележуваат. Имено, поради преголемата грижа, тие можат да постават граници на нашиот понатамошен развој и напредок кои многу тешко се надминуваат. Тој верува дека некои ставови можат да нѐ блокираат уште од мали нозе.

„Често грижливите членови на семејството повеќе му штетат на човекот отколку директните непријатели. Го блокираат неговиот развој, правејќи го за него она што тој треба да го направи за себе“ – изјавил психологот Михаил Литвак, автор на добро познатото дело „Психолошко аикидо“.

Овие зборови на рускиот експерт звучат многу сурово, но всушност претставуваат вистина која секој од нас треба добро да ја проучи. Најчесто се случува некој од семејството да ве „саботира“ на некој начин со најдобра намера, без воопшто да сфатите дека тоа што го прави не е добро за вас.

Како да се изборите со членовите на семејството кога вашите желби и цели се игнорираат?

Родителите, бабите и дедовците, постарите браќа често го попречуваат развојот на децата бидејќи се обидуваат да вклопат мало дете или тинејџер во модел на однесување што им одговара.

Послушните деца нема да протестираат, ќе го прифатат наметнатиот начин на живот и ќе прават сѐ што ќе им кажат, но тие никогаш не можат да бидат лидери. Кога ќе пораснат, нема да можат да се снаоѓаат сами и на другите ќе им биде многу лесно да им влијаат.

Па, како можат да ја најдат својата среќа? Меѓутоа, доколку детето се обиде да се избори за своето мислење, наидува на отпор од родителите и на тој начин тие му стануваат негови најголеми блокатори во развојот. Со ваквите постапки тие ги попречуваат возбудата, радоста и позитивните емоции на своите деца.

Една од најтоксичните работи е лагата

Родителите никогаш не треба да го лажат своето дете, без разлика каква е ситуацијата, затоа што кажувањето лага создава голема конфузија во главата. Тоа е она што го збунува детето, го спречува да расте и напредува – се создава атмосфера на неискреност и детето влегува во состојба на измама која може да го следи во текот на целиот живот.

Лажна доверба

Кога детето ќе направи нешто погрешно, а вие му велите „тоа е добро, не оптоварувај се повеќе“ – всушност му давате лажна доверба. Детето ќе се увери дека не мора повеќе да се обидува, а кога ќе се соочи со пораз, ќе биде разочарано. Исто така, опасно е ако правите сѐ наместо детето, така му ја одземете независноста и ги намалувате неговите способности.