Путин се закани на сите кои не ја сфаќаат сериозно Русија дека ќе трпат стршни последици

Свет

Рускиот претседател Владимир Путин во своето телевизиско обраќање објави низа нови информации за војната во Украина, но ја искористи приликата и да напомене дека Западот има за цел да ја уништи неговата земја.

Тој изјави и дека е неопходно да се донесе итна одлука за заштита на луѓето во „ослободените земји“.

Според шефот на Министерството за одбрана Сергеј Шојгу, делумната мобилизација пред сè е потребна за контрола на одбранбената линија долга 1.000 километри и „ослободените територии“.

Како што претходно објасни рускиот претседател Владимир Путин, Русите кои се делумно мобилизирани ќе ги добиваат истите гаранции и исплати како војниците со договор.

Би сакал да истакнам дека граѓаните на Русија, повикани на воена служба по мобилизацијата, ќе го добијат статусот, исплатите и сите социјални гаранции како воениот персонал што служи по договор, рече тој во телевизиско обраќање.

Граѓаните на Русија кои се во резервниот состав подлежат на регрутација, не станува збор за каква било мобилизација на студенти, воените обврзници не се предмет на мобилизација, изјави министерот за одбрана Шојгу.

Како што беше најавено, вработените во претпријатијата на рускиот воено-индустриски комплекс ќе добијат одложување на повикот за мобилизација.

Претседателот на Русија изјави дека мобилизацијата ќе стапи во сила веднаш.