Вучиќ згрме во ОН: Кога НАТО ја бомбардираше Србија сите молчевте, сега за Украина сте загрижени

Свет

Глобалните предизвици со кои се соочуваме се закануваат суштински да ја променат меѓународната безбедносна архитектура и да го загрозат воспоставениот меѓународен правен поредок.

Ваквите сложени времиња бараат многу мудрост и единство за да се зачува мирот како апсолутно најважно богатство вткаено во самите основи на организацијата на Обединетите нации, порача српскиот претседател, Александар Вучиќ на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Тој рече дека поради ограниченото време денеска ќе го прескокне товарот на формалностите, љубезните обраќања, поздравувањето на присутните и отсутните и директно ќе зборува за суштината.

Тој потсети дека Србија не стапнала на туѓа територија, ниту го загрозувала територијалниот интегритет на која било суверена држава, за некој да интервенира или да изврши агресија врз неа, како што беше направено во 1999 година.

-Меѓутоа, тоа не спречи 19 земји на НАТО да нападнат суверена земја без одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации. Фактот дека по завршувањето на вооружениот конфликт беше потпишан договор со НАТО,

чии одредби предвидуваа усвојувањето на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, која исто така го потврди гарантираниот делумен суверенитет и целосниот територијален интегритет на Србија, не спречи многу западни земји да ја признаат еднострано прогласената независност на „Косово“ уште еднаш да го погазат територијалниот интегритет на нашата земја и Повелбата на ОН, рече Вучиќ.