НОВ ШУТРАК од Албанската гола вода Алијанса, за наплаќањето на ЕВН

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Македонија

„ЕВН различно им наплаќа на Македонците и Албанците за иста потрошена струја. Кој е крадецот тука?! Кој краде струја, а кој не плаќа?!“ – тврди шутракот Осама Муадини, советник во Советот на општина Куманово од редовите на гола вода Алијансата за Албанците, во својата објава на фејсбук-профилот, која ја пренесува информативната агенција на албански јазик ИНА со нејзиниот наслов „ Феноменот на сметките за струја од ЕВН, во односот Македонец – Албанец!“.

Муадини пишува: „Кога Албанец кога ќе купи стан, или куќа од Македонец и откако ќе ја среди документацијата за пренос на сопственост, се случува да го остави само струјомерот на име на македонскиот сопственик. Откако ќе почне да живее албанскиот сопственик во тој стан, или куќа, ќе продолжат да му пристигаат сметките за струја на име на поранешниот македонски сопственик со износи од 800-1500 денари.“

„Поминува 1 година и Албанецот решава да го префрли на негово име и струјното броило, за да му доаѓаат и сметките на негово име! Но, по промената на името на сметката, уште од првиот месец ЕВН за истите месечни трошоци за струја доставува фактура од 3000-4500 денари?!“

„Ова се случува само затоа што сега броилото и фактурата за струјата гласат на името на Албанецот?! Кој е крадецот тука?! Кој краде струја, а кој не плаќа?!“