После Села, претседателската фотеља на АА ќе ја поти гостиварскиот градоначалник Таравари

Македонија

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари треба да биде наследникот на Зијадин Села на чело на Алијанса за Албанците, дознава Фокус од високи партиски извори.

Во пресрет на седницата на партиското собрание, на која ќе се констатира оставката поднесена од Села после неуспехот на локалните избори во Тетово, е начинот на кој Таравари ќе го трасира патот до лидерската позиција.

Според неофицијални информации, Таравари најверојатно ќе биде избран за в.д. претседател веднаш по утврдување на оставката на Села.

На тој начин, тој би бил вршител на должност се до вонредниот конгрес што треба да се одржи во декември, на кој треба да добие полн мандат како партиски лидер.