Откриен печатот на Александар Македонски

Живот

Дале сте слушнале за Хераклеја Синтика?

Тоа е градот на македонските цареви, кој се најдува во Петрич, Пиринска Македонија. Пред месец дена таму започнаа масовни археолошки истражувања.

Тој град го основал таткото на Александар, кралот Филип Втори Македонски и постоел 800 години. Именуван е по славниот антички јунак Херакле. Од тука своите походи на 16 години ги започнал Александар Македонски против тракиското племе Меди.

За таа славна историја постојат низа артефакти. Последната етапа од истражувањата започнаа под раководство на проф. Људмил Вагалински од БАН. Изненадува откритието на скултура на бик поврзана со култот на богот Митра.

„Во последната етапа од истражувањата, продолжуваме со работа на централниот плоштад – форумот. Третина од тимот искупува и на акрополата. Со работата на западната страна на плоштадот, сакаме да ја затвриме историјата на градот, за тоа кога и како и што се случило. Некои од наодите како да сакаат сами да се откријат. Како сами да доаѓаат при нас. Како што е глинениот печат на Елиј Лупус, со ликот на Александар Македонски“, објасни археологот. 

На печатот има рејлеф од Александар Македонски, со лав на главата наместо шлем. Така Александар е претставен на местото на Херакле. Александар бил во градот во 340 година пред Христос. Легендата говори дека во градот бил и Херакле.

Интересно е што тука е скултура и на богот Митра, ирански – персиски бог. Што говори дека походот на Александар во Персија бил вносен и за овој град. Богатства од истокот биле донесени и тука во Хераклеја Синтика. Дури се говори дека тука бил изграден и храм на богот на светлината и темнината Митра.

Во градот има слоеви од античко македонскиот период, рискиот период и покасно. Тоа прави истражувањата да бидат комплицирани. Се очекуваат многу други артефакти за животот на Македонскиот Цар Александар трети Македонски.