ДАНЕЛА отпушта 100 вмровци од ВОДОВОД, кадри на Мицкоски

Македонија

Околу 100 вработени во ЈП Водовод остануваат на улица, затоа што градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не сака да им ги продолжи договорите кои им истекуваат утре, плачат од ВМРО ДПМНЕ.

Ваквата одлука на Арсовска, доаѓа откако таа го разреши директорот на ЈП Водовод од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински ЗиЗи затоа што се обидел да го намести тендерот од над сто милиони евра за изградба на пречистителна станица во Скопје.

Станицата е финансирана со европски пари, па вчера Перински се пофали дека имал поддршка од Европската Инвестициска Банка против Данела Арсовска.

Потегот на Арсовска да не ги продолжи договорите на вработените, во кулуарите на компанијата го коментираат како реваншизам кон кадрите на Мицкоски.