МАРИЧИЌ ВО ЕУФОРИЈА – Ова е спектаклот за кој се радува…

Европа, Македонија

Во Брисел денес стартува скрининг процесот,  првата фаза од преговорите со Европската унија.

Од денес па се до 27 септември во Брисел ќе има состаноци од областите и поглавјата од Кластерот Фундаментални вредности, кога Комисијата ќе го презентира новото законодавство за овие области.

„Скринингот е важна задача за сите нас. Затоа сите да се обединиме околу оваа национална задача и да ја завршиме што е можно поскоро.

Имаме добра основа и политичка волја и капацитет да го направиме тоа.

Започна објаснувачкиот состанок за Поглавје 05-Јавни набавки во Брисел на кој Европската комисија ќе го презентира новиот корпус на ЕУ acquis донесено во периодот по 2018/19 година.“ – напиша утринава Бојан Маричиќ на социјалните мрежи.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања пред стартот на скрининг процесот додаде:

„Преговорите се отворени. Денеска започнуваме нова фаза на евроинтегративниот пат и исполнување на нашата стратешка цел.

Граѓаните сакаат и заслужуваат да живеат во европска Северна Македонија и да ги користат бенефитите што ги носи членството во Унијата.

Македонскиот тим е спремен за отворањето на скриниг процесот.

Нека ни е со среќа и успех!“ – објави на Фејсбук.