(Видео) ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Атентат врз ЗЕЛЕНСКИ

Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е повреден во судир на претседателскиот автомобил со неидентификувано возило во центарот на Киев.

Претседателската колона имаше сообраќајна несреќа во Киев, информираше неговиот портпарол Сергиј Никифоров рано изутринава, јави ДПА.

Како што појасни Никифоров, возило се судрило со автомобилот на Зеленски, но и со други автомобили од неговата колона со возила.

Тој додаде дека Зеленски бил прегледан од лекар и дека немал сериозни повреди при несреќата.

Медицински лица го пренеле возачот на другото возило во болница.

Местото е силно обезбедено до полицијата и се истражуваат сите околности.

На следното видео е прикажан настанот:

Полицијата го истражува инцидентот.

Зеленски вчера го посети повторно ослободениот град Изум во источниот дел на Украина, јавува МИА.