
СКАНДАЛ: Македонија прифатила АЛБАНСКИ УЧЕБНИЦИ, нема учебници за МАКЕДОНЦИТЕ
Со денешниот почеток на учебната година почна примената на унифицираниот буквар за сите Албанци во Албанија и во Косово. Тоа било наложено и за Македонија, а зајковата Влада прифатила имплементација на албански учебници во Македонија, во услови кога нема никакви учебници за Македонците.
Премиерот Еди Рама најави дека разговарал и со други балкански земји за воведување унифициран буквар и за Албанците во овие земји, но само Македонија се согласила, спуштила гаќи од прва.
Од Конгресот посветен на образованието, Рама најави дека Македонија се согласила, а разговорано било и со Црна Гора и Србија.
– Македонија во принцип е подготвена да го користи унифицираниот албански буквар. Со Црна Гора и Србија разговаравме за делот од албанското население. Наша обврска е да го заштитиме и зачуваме албанскиот јазик, рече Рама.
Согласноста за воведување на унифициран албански буквар во Македонија била постигната на заедничка седница на двете влади, на Албанија и на Косово, кои одлучуваат и во име на Македонија, што се одржала во Елбасан на 26 ноември 2021 година.
Договор за унифициран албански буквар беше потпишан во декември минатата година во Приштина, на заедничка седница на владите на двете земји.
Денеска во Албанија за првпат во ученичка клупа седнаа 29.000 првачиња или околу илјада помалку споредено со минатиот септември.
Во Македонија ќе се учи од албански буквар, во услови кога нема македонски учебници за македонските деца во македонските училишта поради работењето на министер Албанец на чело на македонско министерство за образование. Дното е пробиено!