РУСИЈА ПОТОНА во Украина откажани сите референдуми за анексија

Европа

Кремљ ги „запира“ референдумите за анексија на окупираните територии во Украина, пишува новото издание на руски јазик „Медуза“. Според два нејзини извори блиски до Кремљ, руските власти ги одложиле на неодредено време планираните референдуми за „приклучување кон Русија“ во самопрогласените Луганска и Доњецка народна република, како и во окупираните делови на украинските региони Запорожје, Харков и Керсон.

Во секој од нив руските власти имаа формирано таканаречена воено-цивилна управа, која е целосно дисфункционална и насочена само кон злосторства кон окупираното цивилно украинско население.

Единствена причина за одложувањето е успешната контраофанзива на украинските војници во правецот Харков. Политичките технолози поврзани со Кремљ, кои работеа во областа Харков и Запорожје, веќе се отповикани во Русија, истакнуваат соговорниците на публикацијата: „Сите заминаа набрзина. Дојде наредба да се вратат дома“. Но, таму засега остануваат руските политички технолози, кои подготвуваа референдум во областа Керсон.

На почетокот на септември, секретарот на Генералниот совет на владејачката партија Единствена Русија и прв заменик-претседател на Сенатот, Андреј Турчак, рече дека би било „коректно и симболично“ референдумите да се одржат на 4 ноември, Денот на Народно единство – државен празник во Русија. Претставниците на окупаторските „воено-цивилни администрации“ на териториите контролирани од Москва ја поддржаа идејата.

Според податоците на „Медуза“ во Русија, на самиот почеток на војната Кремљ бил убеден дека ќе може да ги анектира новите територии веќе во април. Потоа, поради неуспеси на фронтот, рокот беше поместен за мај, а потоа за 11 септември, денот на регионалните избори во Русија.

Но, Москва не успеа ниту во септември. На крајот, според изворите на изданието, под притисок на Владимир Путин, кој „нестрпливо“ чекаше да им се „приклучи“ на новите територии, руската претседателска администрација го посочи 4 ноември како „конечен“ датум.

Веќе следната недела окупациските власти во споменатите региони требаше официјално да објават дека започнуваат со подготовки за ноемвриски референдум. Сега сите овие планови се „запрени“. Ноември не доаѓа предвид“, вели еден од соговорниците на страницата, цитиран од БТА.

Изворите блиски до Кремљ нагласуваат: на руските власти не им е јасно кога повторно ќе можат да разговараат за конкретни датуми за можното гласање – зависи од тоа како ќе се развива контраофанзивата на Украина. На прашањето на „Медуза“ за судбината на референдумите, Дмитриј Песков – прес-секретарот на рускиот претседател, не одговори, додава изданието.