ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Убиен миленикот на МВР на Оливер Обиџуко во Истанбул

Хроника

Македонија се зави во црно! Опасните банди во Турција го убија најважниот македонски државјанин, миленикот на Оливер Обиџуко, извесениот господин Георги Андонов.

Господинот Андонов беше нарко – босот на Балканот, познат под вистинско име Јован Вукотиќ, партнер на турскиот нарко – бос Седат Пекер, кои ја имаа заштитата од Обиџуко да престојуваат во Македонија и слободно да си тргуваат со нивните омилени стоки.

Поради преголема љубов кон нарко – босовите, МВР на Оливер Обиџуко му издаде македонски пасош на Јован Вукотиќ во ПС Драчево на име Георги Андонов, денес убиен во Истанбул.

Дали после оваа загуба, Обиџуко ќе ја зачува присебноста и ќе биде во можност да продолжи со своите редовни работни обврски, кои живот значат за нашата ужалена Македонија.

Како можеше ова да ни се случи баш на 8ми Септември, на Денот на независноста. После оваа огромна загуба, веќе ништо нема да биде исто на овој празничен ден.