БРУКА: КОЛОСАЛНИ НЕКАДАРНИЦИ од СДСМ, асфалтирале врз шахти

СКОПЈЕ

Фирма ангажирана од Општина Центар на кадрите од СДСМ, на улицата Козара ги асфалтирала и шахтите и решетките за канализација.

Откако со месеци оваа улица во скопски Капиштец каде изминатиот период изникнаа куп згради стоеше раскопана, деновиве почна да се асфалтира. Како што раскажуваат жителите, заедно со улицата асфалт бил ставен и на шахтите.

„Откако се побунивме како тоа со асфалт ги затвораат шахтите, работниците го раскопаа и го фрлија во шахтите. Нека ни каже некој како се вади асфалт од шахти“, велат граѓани на улицата.

По реакциите на граѓаните, денеска на терен излезе градоначалникот Горан Герасимовски и општинските служби кои вршеа чистење на сливниците.

Герасимовски на револтираните граѓани им кажа дека Општината ќе биде строга и ригорозна со казнување доколку во иднина повторно се случат недоследности во работата на изведувачите како затрупувањето на шахтите во овој случај. Но овој пат ќе и прогледаат низ прсти по 100ти пат на омилената фирма на власта.

„Во моментов општинските служби ги чистат сливниците како превентива за евентуални можни поплавувања од обилни дождови. На улицата се изведуваат активности пред поставувањето на вториот и финален асфалтен слој. Со оглед на тоа дека во околината се градат неколку нови згради и мојата цел како градоначалник е да се стави крај на прекопувањето нов асфалт затоа сега екипи од јавните претпријатија работат на поставување на подземна инсталација, во моментов се прават приклучоци за водовод.

Ова можеби одзема време и носи нервоза кај жителите но е решение во иднина улицата да не се раскопува при евентуални потреби и на околните згради во градба“, рече Герасимовски пред жителите на улица „Козара“.

Тој пред граѓаните апелираше за трпение за да се заврши целата работа. Исто така ги извести граѓаните дека веднаш штом екипите од Јавните претпријатија ја завршат работата во својот домен, Општина Центар најдоцна за една недела во зависност од временските прилики ќе го постави вториот и финален асфалтен слој.

Во таа една недела општинските служби ќе направат подигање и нивелирање на сливниците, шахтите и капаците за водовод. После оваа најава, граѓаните спијат мирно, кадрите на СДСМ ќе нивелирале и подигале шахти.