ЗАБРАНА ЗА ИЗВОЗ на свежо млеко и одредени млечни производи

Балкан, ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Политика

Владата на Србија соопшти дека со цел овозможување на редовно снабдување на населението со млеко и спречување на одлив на суровини надвор од границите на земјата, одлучила да се забрани извозот на сировото и пастеризираното млеко.

Забраната не се однесува на Албанија и Македонија, пренесува РТС.

Се наведува дека изменетата уредба за ограничување на висината на цените на основните животни намирници ќе важи до 30 септември.

Како што се истакнува, покрај ограничувањето на цената на млекото од 2,8 отсто млечна маст во пакување од еден литар, ограничени се и трговските маржи за да се спречат шпекулантски активности на пазарот.

„Владата на Србија будно продолжува да ја следи состојбата, при што ќе овозможиме доволни количества млеко за потребите на граѓаните“, се заклучува во соопштението.

Претседателот Вучиќ во петокот на Самитот „Отворен Балкан“ којшто се одржа во Белград рече дека забраната за млекото и млечните производи нема да важи за Македонија и Албанија.