(Видео) СРПСКИ ТЕНКОВИ се движат кон Косово

Балкан

На социјалните мрежи се појавија снимки во близина на српско-косовската граница на кои се гледа како српската армија распоредува свои единици.

На видеото се гледаат српски тенкови најверојатно M-20UP1 кои се српско домашно производство.

Вчера претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој ѝ се обрати на јавноста по повод неуспешните разговори меѓу Белград и Приштина одржани во четвртокот во Брисел, рече дека клучната порака до Србите на Косово е дека, без разлика на сè што може да се случи, бегалски колони нема да има.

Зборувајќи за преговорите во Брисел, тој изјави дека „Албанците сами решиле да спроведат еднострани акции“ и дека Приштина има две цели – укинување на српската држава во Косово и протерување на Србите.

Српскиот претседател тврди дека што и да прифати Србите, косовската страна го отфрла.

Според најавите, официјална Приштина, за десет дена, ќе ги спроведе одлуките за пререгистрација на возилата и личните карти од кои првично се откажа на крајот на јули, по протестите на косовските Срби.

Мисијата КФОР реагираше на зголемените тензии. Од таму соопштија дека долж административните премини Јариње и Брњак го зголемуваат своето присуство и патролирање. Подготвени се, како што додаваат, да интервенираат доколку има потреба.