ПОЧЕТОК НА ПОРАЗОТ НА ВЛАСТА – Ахмети призна пораз и го порача следното…

Македонија, Политика

Независно од тоа што овие избори беа без волја, сепак, законот требаше да се почитува. Поради немањето искуство на актуелното раководство на општината, неизбежно беше да се почитува законот за да се организираат избори за Советот на општина Тетово. Иако неучеството беше многу големо на овие избори за жал и во непогодно време, сепакм тоа е демократијата и ние ја почитувавме, изјави во саботата вечерта лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.

Досегашните резултати од 76 отсто од изброените гласови се следните: ДУИ – 7.706 гласа БЕСА – 8.341 глас ДПА – 788 гласа, Алијанса – 614 гласа, Алтернатива-699 гласа ВМРО-2.169 гласа, СДСМ – 1.313 гласа ,Листа подобро за Тетово – 414 гласа, Левица – 347 гласа, а партиите на Турците и на Ромите освоиле 164 односно 104 гласа Интегра-94 гласа.

По обајaвувањетето на овие резултати, лидерот на ДУИ повтрон дека за партијата „важни се процесите“.

„За нас е важно и натаму да инвестираме во демократските стандарди почнувајќи од изборните процеси се до силно инсталирање на владеењето на правото на правната држава. Посакуваме наредниот совет независно од бројките да биде функционален и да не се прават грешките кои се правеа во минатото и луѓето повторно да се носат на избори“, порача Ахмети.