КАЛИН ИВАНОВСКИ СО ДВОЈНА ПОБЕДА ДО ПОЛУФИНАЛЕ ВО ТУНИС!!

Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски оваа недела настапува на фјучрс турнирот во Тунис.

Временските услови го прекинаа вчерашниот натпревар од второто коло, па така денес Калин требаше да го доигра и тој натпревар против французинот Едуард Вилослада (6:4, 6:1), за да потоа во четвртифанлето во три сета го победи и бугарскиот тенисер Николај Неделчев (6:3; 3:6; 6:3)

Во полуфиналето Калин Ивановски ќе се соочи со вториот носител на турнирот Сирил Вандермерш.

Напред Калин!