БОГОЈЕСКИ: Комисијата на трговци со мртовци заговара поделба на Македонија

Изјави

Откако денес Комисијата за трговија со историја помеѓу Македонија и Бугарија објави реакција на негодувањата на јавноста, во обид да го покрие срамот на кој е изложена, најжестоко им возврати лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески за кого оваа е Комисија за трговија со мртовци.

Никој во јавноста, ниту историчарите, а најмалку политичарите не забележаа дека во несреќната објава на договорените пазари со Бугарија во еден дел стојат препораки за измени на учебниците по историја во Македонија и Бугарија.

Во дел од нив се нотира договорена измена на делот на македонската античка историја, особено за подрачјето на Вардарска Македонија, каде македонските предавници прифатиле да се тргне македонскиот антички елемент, а да се глорифицира тракискиот и дарданскиот, за сметка на македонскиот и историската вистина.

Според Богојески, кој е единствен кој тоа јавно го објави, станува збор за таен албанско – бугарски договор со кој ќе се избрише македонското античко наследство од оваа територија на денешна Република Македонија, а ќе се подметне тракиското и дарданското како автохтоно.

Намерата е денешните Македонци да се прикажат како гости во Македонија, а Албанците и Бугарите како домаќини, кои наводно потекнувале од античките Тракијци и Дарданци. Со тоа, историско право врз оваа македонска територија имале тие, а не Македонците, како свои на своето.

Тоа Комисијата на трговци со мртовци, според Богојески го санкционирала и се обидува да го подметне во македонското образование, со цел да се индоктринираат младите Македонци дека се гости во својата држава и дека треба доброволно да прифатат поделба на Македонија помеѓу Бугарија и Албанија.

Богојески тврди дека тоа се сокриени намери зад наводниот консензус за античката историја помеѓу болшевичките бандити од Бугарија и македонските трговци со мртовци.

За Богојески тоа е тежок срам, предавство и подготовка за уништување на македонската државност преку македонски октроирани историски учебници, кои нема да се пишуваат во Скопје од Македонци, туку во Тирана и Софија.

Загрозена е македонската национална кауза, а со тоа и државноста на моменталнава македонска Република, изјавува Богојески.

Според него, ниту Албанците и ниту Бугарите имаат било што заедничко со античките Дардани или Тракијци, кои не се етноними и не претставуваат народи во смисла на античките Македонци или Елини или Персијци.

Обидот на соседите преку историска манипулација да се легитимираат вмешувања во внатрешните работи на Македонија и да се промовираат етно – шовинизми во 21ви век е неприфатлив и далеку од било какви процеси на европеизација на Балканот.

Домашните трговци со мртовци кои прифатиле за грст алтани дадени од македонскиот народ преку потписот на Бугар Османи, да го легитимираат овој албански и бугарски етно – шовинизам треба да бидат жестоко казнети од макед0нската држава.