НОВО БАРАЊЕ од Бугарија, ќе се отвара БИБЛИЈАТА

Забава

После последните отстапки од Македонија кон Бугарија, со кои целокупното средновековно, македонско историско и културно наследство им го дадовме на Бугарите, пораснаа амбициите на источниот сосед.

Имено, сега Бугарија бара да се отвори Библијата и секаде каде пишува Македонија и Македонци, да се толкува дека всушност се мислело на Бугарија и Бугари.

Тоа согласно последните заклучоци и договорени препораки на историската комисија на СДСМ и Румен Радев, со кои се бара промени во учебниците во делот на постоењето на Македонија во Библијата, особено бришење на мисијата на АПОСТОЛ Павле во Македонија.

Македонските предавници од предавничката Комисија потпишале да се избрише ликот и делото на Божјиот Апостол Павле во Македонија, нешто што детално е опишано во Библијата.

Библијата според предавнициве не е доволен доказ или историски извор, а бугарските права согласно Францускиот предлог се доколку посакаат и Библијата да ја менуваме, па ако треба и верата христијанска.

Според заклучоците, едноставно Бугарите или ќе ги внесеме во Библијата или нема ЕУ!

Доколку е потребно ќе прифатиме и дека Исус Христос бил Бугарин.

Сето тоа согласно протоколот на Бугар Омани и Таче и успешниот компромис со Францускиот предлог. На здравје Библија!

*Половина од текстот е пародија со заклучокот на предавничката Комисија за Апостолот Павле и мисијата во Македонија.