ВМРО ДПМНЕ пред раскол, АПАСИЕВ зазема страна

Политика

Градоначалничката на Град Скопје, поддржана од силни структури на поранешниот лидер Никола Грувески, веќе предводи фракционерско движење во ВМРО ДПМНЕ против лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Во фракцијата се приклучи и поранешната лидерка на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, Косана Мазнева Николиќ лојална на Грувески. Овој „женски бунт“ во ВМРО ДПМНЕ против Мицкоски, доби и своја поддршка кај лидерот на Левица, Апасиев кој работи за службите на СДСМ и МВР Оливер Обиџуко на растурање на ВМРО ДПМНЕ пред изборите 2024 година, известуваат советниците од таа партија од град Скопје.

Покрај многу негови конкретни активности со поддршка на фракцијата на Арсовска, лидерот на Левица, Димитар Апасиев ја коментираше и одлуката на фракционерската директорка на ЈП Комунална Хигиена, Косана Мазнева и на градноачалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да не ги продолжи договорите за вработување на таканаречените „рамковни“ вработени во претпријатието.

„Данела и Косана им влегоа со мае-гери на рамковниве фантоми

#СамоОстро

#RuleOfLaw“ – напиша Апасиев на неговата фан страна.

Со јавната поддршка на Апасиев на женското комунално дуо Арсовска – Мазнева, тој застана јавно против Христијан Мицковски.

Кампањата за двете хероини ја започнаа инфлуенсери на ВМРО ДПМНЕ, лојални на Грувески, кои му откажаа љубов на Мицко, како што тиа самите истакнуваат.

Темата беа 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП Комунална хигиена-Скопје кои месеци и години земале плата, а не оделе на работа, откако им завршиле договорите, не се продолжени, со што женските фракционерки се прогласени за херои на ВМРО ДПМНЕ.

Дали Мицкоски ќе реагира на отворената закана од Апасиев и ќе преземе мерки кон него?